More

    Зијадин Села е против коалицирање со СДСМ и со ДУИ

    spot_img

    Алијанса за Албанците (АА) има капацитет да излезе сама на избори и да биде конкурентна со ДУИ за да победи – вели пратеникот и претседател на Централното собрание на АА, Зијадин Села, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

    – Јас бев следбеник на оваа идеја и продолжувам да бидам, но има време во врска со донесување одлука дали одиме, во каква форма ќе настапиме на избори – рече Села.

    На прашањето дали, сепак, ја остава отворена опцијата за заеднички настап со ДУИ, Села одговара:

    – Реков пред малку, има одлука на Централното претседателство. Друг повисок орган внатре во Алијанса што може да донесе одлука различна од одлуката на Централното претседателство, е само Централното собрание на партијата, кое со Статут мора да се држи, периодот кога ќе се одржи, ќе оцениме.

    За варијантата за уште поширок предизборен фронт во кој би биле СДСМ со партнерите, ДУИ и Алијанса за Албанците, вели дека не е следбеник на оваа идеја, бидејќи, како што рече, не мисли дека тоа ќе ѝ донесе добро на политичката сцена во Македонија.

    – Тоа би било поттик за изборите да се направат биполарни, може да се перцепира како трка помеѓу Албанците и Македонците… – рече Села.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img