Бразилскиот модел Жизел Бундхен (41) и играчот на НФЛ Том Брејди (45) ангажирале адвокати за развод. Тоа следеше по бројните гласини за кавгите и живеењето на две различни адреси.
– Никогаш навистина не мислев дека оваа кавга ќе им биде крајот, но се чини дека е… Мислам дека сега нема да има враќање назад. И двајцата имаат адвокати и гледаат што ќе повлекува разделбата, кој што ќе добие и какви ќе бидат финансиите – изјавил изворот за „Њујорк пост“.
Гласините се вртеа во последните неколку недели дека двајцата живеат одвоено по нивната епска расправија и сега размислуваат да ја поделат својата империја вредна стотици милиони долари.
Жизел и Том се во брак од 2009 година и имаат три деца, синовите Џек (15) и Бенџамин (12) и ќерката Вивијан (9).
– Го одработив мојот дел за да го поддржам. Се преселив во Бостон и се концентрирав на создавање средина исполнета со љубов за моите деца и го поддржав него и неговиот сон – Жизел претходно објасни како ја ставила сопствената кариера на пауза поради семејството.
ФОТО: Инстаграм