More

    Животот во Киев, главниот град на Украина, станува се поотежнат

    spot_img

    Животот во Киев, главниот град на Украина, станува се поотежнат откако руското бомбардирање сериозно ја оштети електроенергетската инфраструктура, што го отежна снабдувањето со вода и струја во градот кој пред војната имаше 2,8 милиони жители!

    Володимир Кудрики, шеф на државната компанија Укренерго, рече дека Украина се соочува со „огромна хуманитарна криза оваа зима доколку не спречи колапс во снабдувањето со електрична енергија предизвикан од честите руски бомбардирања“.

    Поправката е невозможна

    – Ситуацијата е критична. Ако продолжат руските напади, прекините на струјата во Украина ќе стануваат подолги и подолги. Невозможно е да се поправи мрежата со брзината со која се уништува. Пред последните напади наша главна цел беше да испорачаме енергија колку што им е потребно на граѓаните. Сега зборуваме дали системот воопшто ќе функционира – изјави тој за британски Гардијан.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека 40 отсто од електраните и трафостаниците биле уништени во руските напади. Колку е алармантна состојбата сведочи и најавата на Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, дека градските власти ќе подготват повеќе од 1.000 пунктови низ градот каде граѓаните ќе можат да дојдат да се стоплат.

    – Реагиравме поради реалната опасност да се оневозможи далечинскиот систем за греење поради продолжувањето на руските напади – изјави Кличко.

    Во Киев веќе е воведена рационализација на потрошувачката на електрична енергија. Градоначалникот најави дека се разгледуваат различни сценарија поради непредвидливоста на руските напади.

    – Најлошо е таму каде што воопшто нема да има струја, вода или парно. За тоа сценарио подготвуваме повеќе од 1.000 пунктови низ градот. Локациите ќе бидат опремени со агрегати и ќе имаат залихи од потребите како што е вода – додаде Кличко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img