Живко Мукаетов во предновогодишното обраќање – 2024 година беше навистина активна година за „Алкалоид“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов  во обраќање до колегите и јавноста оцени дека 2024 година беше активна година за компанијата во која се реализирани повеќе проекти и инвестиции, воведени се нови технологии во производството и добиени се повеќе значајни награди.

-И покрај сите предизвици со кои се носевме во текот на годината која изминува, „Алкалоид“ презентираше успешни резултати во работењето. Во февруари го добивме нашиот прв меѓународен патент за лек со додадена вредност – течниот Омепразол. Во март го пуштивме во употреба нашиот голем капитален инвестициски проект Таблетно 2, вреден 19, 4 милиони евра. Инвестиравме во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја. Како компанија лидер во прифаќањето и имплементацијата на нови технологии во работењето, ќе останеме посветени на концептот за транспарентно и етичко работење, остварувајќи ги целите зацртани во нашата ESG-стратегија, насочени кон одговорно однесување спрема животната средина, заедницата и спрема луѓето пред сè – вели Мукаетов.

Тој потсетува и на проектите за општествена одговорност меѓу кои и  хуманитарниот хепенин во кој се донираат пари за СОС Детско село.

-„Алкалоид“ во моментов е компанија на над 3.000 семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива- вели Мукаетов.

Share This Article