М.З. (62) од струшкото село Ливада е осомничен дека со огнено оружје убил седум кучиња-скитници на улица „Владо Малески“ во Струга.
Со него бил извршен службен разговор во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Струга. Од него била одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 мм.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 233 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на СВР Струга.