More

    Жирафа зграпчи дете од автомобил

    spot_img

    Снимка од жирафа како одзема мало дете од рацете на нејзината мајка, додека нејзиното семејство се вози низ сафари парк во Тексас, САД, стана вирална на интернет, објави Телеграф.

    – Дали сакаш да ја нахраниш жирафата – ја прашува својата ќерка. Сиера Роберт.

    Двегодишната Пејсли Тотен го хранела животното во центарот за диви животни „Фосил рим“ кога тоа ја фатило за нејзината розова кошула и ја кренало во воздух.

    На видео снимката се гледа нејзината мајка како избезумено го влече своето дете назад кон возилото.

    Жирафата бргу го ослободува девојчето кое повторно паѓа во рацете на мајка си.

     

    – Додека погледнам назад, нејзе ја немаше. Беше навистина шокантно, знаете, адреналинот се качува – изјави г-ѓа Роберт.

    Таткото, Џејсон Роберт, рече дека „неговото срце застанало“.

    – Жирафата само се обидуваше да добие храна и доби малку повеќе одошто очекуваше – додаде тој.

    Жирафата не изгледала вознемирена, дури ни од тоа што случајно зела 2-годишно дете.

    „Иако ваков инцидент никогаш претходно не се случил овде, ние преземаме итни мерки за да се осигураме дека нема да се повтори. Веднаш во сила стапува забрана. ‘Фосил рим’ веќе нема да им дозволува на гостите да се возат низ паркот“, објави центарот за диви животни „Фосил рим“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img