More

    Жидко е новиот командант на руските сили во Украина?

    spot_img

    Генералот и полковник Генадиј Жидко, е новиот командант на руските сили во Украина, на местото на Александар Дворников, познат како „касапот од Сирија“, објави американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната. Смената најверојатно се случила минатата недела кога министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, ги посети војниците во Украина, пишува Јутарни.

    Жидко беше актуелниот директор на Воено-политичката управа. Кога Шојгу дојде во инспекција, тој седна до него. Институтот известува дека плочата на Жидко со името и функцијата на фотографијата на руското Министерство за одбрана била значително заматена, па неговиот чин сѐ уште не е официјално потврден.

    На почетокот на овој месец, преземањето на руската војска во Украина од страна на Жидко беше објавено од страна на Conflict Intelligence Team (CIT), руска истражувачка невладина организација, а според ISW, фактот дека тој бил виден со Шојгу оди во насока на потврдување на таа информација.

    Отстранувањето на Александар Дворников, познат како „касапот од Сирија“ и назначувањето на Генадиј Жидко на чело на руската армија во Украина, значи дека Кремљ не е задоволен од актуелната воена кампања во Украина. Назначувањето на Дворник, пак, се совпадна со повлекувањето на руската армија од Киевскиот фронт на почетокот на април, а потоа се шпекулираше дека Путин од него очекува воени успеси кои би можел да ги објави на прославата на Денот на победата на 9 мај, што не се случи.

    Генадиј Жидко е 56-годишен поранешен командант на Источниот воен округ, потоа заменик-министер за одбрана на Русија, а за својата нова позиција наводно дознал на крајот на мај на терен, во близина на Мариупол. Путин го смета Жидко за своја десна рака. Жидко има узбекистанско потекло и како командант на контингент на армијата, а има искуство од Сирија од 2016 година.

    Жидко во Москва беше задолжен за политички и пропагандни задачи и за регрутирање млади луѓе во руската армија, а му беше доделена и престижната Златна ѕвезда на Херојот на Русија. Руските истражувачки медиуми пишуваат за него како „политички ум“, па може да се очекува дека Путин сега покрај војната очекува и дополнителна политичка димензија од кампањата во Украина.

    Британското Министерство за одбрана соопшти дека месецов најверојатно се сменети неколку од највисоките руски генерали, а посетата на Сергеј Шојгу на Украина оди во насока на потврдување на таа информација, за која сѐ уште нема официјална потврда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img