More

    Идејата за „втора лига“ ја поздравиле сите лидери на самитот

    spot_img

    Шефот на  европската дипломатија,  Жозеп Борел, изјави дека ЕУ треба да се откаже од принципот на едногласност и вето, што ја спречува да носи важни одлуки откако проширувањето се врати на дневниот ред на Унијата.

    Тој изјави дека идејата за „европска политичка заедница“ или „европска втора лига“ каде би било избегнато ветото, на францускиот претседател Емануел Макрон била прифатена од сите лидери на минатонеделниот самит на ЕУ.

    – Европската политичка заедница може да им овозможи на земјите кандидати веднаш да учествуваат во различните политики на ЕУ. Може да вклучи и, доколку сакаат, одредени земји од кои не се бара да се приклучат на Унијата, како Норвешка, Швајцарија или Обединетото Кралство – рече Борел.

    Борел напиша авторски текст за резултатите од минатонеделниот самит, јавува Анадолија.

    „Како што го поттикнуваме проширувањето на ЕУ, така треба да направиме сличен напор за реформирање на ЕУ и нашето одлучување. Затоа што проширената ЕУ треба да може полесно да дејствува. Тоа значи и стеснување на опсегот на правилата за консензус во надворешната политика и другите области и донесување повеќе одлуки со квалификувано мнозинство“, напиша Борел.

    Борел истакна дека на ЕУ ѝ требаше еден месец за да го прифати шестиот пакет санкции против Русија на крајот на мај, но некои од точките договорени во Советот (како што е санкцијата за патријархот Кирил на Руската православна црква) не може да се рефлектирана во финалниот пакет.

    – Искусивме слична динамика во почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, при што една земја (Бугарија) блокираше одлука што сите други би можеле да ја прифатат – рече Борел.

    Борел посочи дека системот на едногласност има негативни последици за кредибилитетот и ефикасноста на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img