Жичарницата и автобусите до Водно продолжуваат со вообичаена работа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од утре – петок (15.07.2022 година) Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа.

Жичарницата ќе работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

До Средно Водно сообраќаат три линии:

25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник

25А (Автомакедонија – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник

25Б (Дом на печат – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник

Превозот со сите три линии за време на викенд и држ.празник се бесплатни за сите категории патници/граѓани.

Share This Article