Денеска на седница на Владата ќе побарам од Државниот пазарен инспекторат една робустна, жестока акција во маркетите, затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат со цените и се служат со трикови, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со покачените цени на дел од производите што не се дел од новогодишната кошничка.
– Јас со трикови не функционирам, а тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што ним им беше дадено како можност да го надоместуваат со зголемување на цената на другите прозводи кои ги користат граѓаните, како маслото, лебот, шеќерот, јајцата… Не сакаме трикови, нека не мислат дека со трикови ќе ја надмудрат владата. Жестоко ќе се справиме со нив, нема такви кои со трикови ќе нè надмудрат. Јас апелирам до големите трговски синцири да се преиспитаат – рече премиерот Мицкоски.
Ќе побарам од ДПИ детална анализа како е покачена цената на овие прозводи, додаде премиерот.
– Срамота е ова што го прават пред празниците кои доаѓаат. Сакавме добра волја, да се договориме, а видете како враќаат. Ќе побарам робусна инспекција, ова девијантно однесување да престане – рече Мицкоски.
Деновиве граѓаните реагираат дека се покачени цените во маркетите на дел од основните прехранбени производи.