Жестоки борби на истокот и југот на Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ukrainian service members ride a BMP-1 infantry fighting vehicle, as Russia's attack on Ukraine continues, in the front line city of Chasiv Yar, in Donetsk region, Ukraine March 19, 2023. REUTERS/Alex Babenko

На истокот и југот на Украина денеска продолжуваат жестоките борби.

Од Киев велат дека секој мировен план, вклучително и кинескиот, мора да започне со повлекување на Русија од окупираните територии на Украина.

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов изјави дека за успешно спроведување на кинескиот „мировен план“ неопходно е Москва да го врати „суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет“ на Украина, пренесува Си-Ен-Ен.Шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борељ денеска соопшти дека е постигнат договор за заедничка набавка на муниција за Украина.

Министрите за одбрана на земјите од ЕУ на почетокот на месецов привремено договорија план од две милијарди евра за набавка на артилериски гранати. Конечната одлука се очекува на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ во Брисел.

„Задачата за нас е затоа јасна – на Украина и е потребна нашата понатамошна поддршка за да може Украина да постигне мир. И многу е важно оваа одлука да биде донесена попладнево. Во спротивно, ќе ни биде тешко да продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружје“, изјави германската министерка за одбрана Аналена Бербок.

Share This Article