Жесток прозивка против Мурињо: „Заврши како тренер“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Serie A - AS Roma v AC Milan - Stadio Olimpico, Rome, Italy - September 1, 2023 AS Roma coach Jose Mourinho REUTERS/Alberto Lingria

Во средината на јануари Жозе Мурињо доби отказ од Рома, која ја водеше од јуни 2021 година.

Со римскиот клуб ја освои Конференциската лига, а лани играше и во финалето на Европската лига каде беше поразен од Севиља.

Рома му врачи отказ на познатиот португалски стручњак по слабите резултати оваа сезона.

Во меѓувреме го прозва Антонио Касано, поранешен италијански репрезентативец, кој со години преку медиумите се расправа со португалскиот тренер.

„Како тренер, Мурињо е завршен. Тој веќе не е способен да тренира никого. И денес ги прави истите работи како пред десет години. Даниеле Де Роси, кој го наследи на клупата на Рома, покажа дека Римјаните имаат добри играчи и дека одлично си ја вршат работата“.

Во својата богата тренерска кариера, Мурињо ги предводеше Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома. Освои 25 клупски трофеи и неколку пати беше прогласуван за најдобар тренер на годината.

Share This Article