Тинејџерка усмрти жена пешак во сообраќајна несреќа во скопски Чаир, што вчера се случила доцна попладне во 18:43 часот на булеварот Христијан Тодоровски Карпош.
Станува збор за деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.), која управувала со автомобилот „сеат алтеа“.
Идентитетот на починатата жена засега не е познат, а единствено се знае дека животот го загубила на самото место.
Според информациите од МВР, девојката што возела, со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Градската болница.
Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата. Детали се очекуваат во текот на денот од МВР.