More

    Жена спасена од урнатините во Турција 31 час по земјотресот

    spot_img

    Спасувачките екипи извлекоа повредена жена од под урнатините на зграда во Дијарбекир, Турција, дури 31 час по земјотресот што вчера ги погоди јужните делови на Турција, јавува Анадолија.

    Бројни спасувачки тимови ги продолжуваат операциите за пребарување и спасување за да ги спасат луѓето заглавени под урнатините по разорните земјотреси во јужна Турција.

    Членовите на спасувачките тимови успеаја да ја извлечат 35-годишната Зејнеп Атесогулари од под урнатините 31 час по разорниот земјотрес.

    Лекарските екипи потоа ја префрлиле жената во болница.

    – Билансот на жртвите –
    Потпретседателот на Турција Фуат Октај соопшти дека бројот на загинати во земјотресите во Турција се искачи на 3.419, а бројот на повредени на 20.534.

    Управата за вонредни состојби (АФАД) соопшти дека во земјотресите се уништени 5.775 објекти, а бројот на пријавени, но се уште непроверени уривања е 11.302.

    Повеќе од 24.000 спасувачи, медицински и друг персонал во моментов се распоредени во областите погодени од разорните земјотреси.

    Во спасувачките операции во студентските центри и други објекти досега се згрижени 338.000 луѓе, а под урнатините се извлечени над 8.000 граѓани.

    Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала во понеделник наутро ја погоди јужна Турција. Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас, Турција. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот. Земјотресот е почувствуван и во соседна Сирија, а тресење на тлото е почувствувано и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

    Потоа, во понеделникот во 13 часот и 24 минути, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Елбистан, исто така во Кахраманмарас.

    Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјата ја погоди најголемата катастрофа од земјотресот во Ерзинџан во 1939 година.

    Во Турција поради разорните земјотреси е прогласена седумдневна жалост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img