49-годишна жителка на Скопје во текот на вчерашниот ден во полиција го пријавила својот поранешен сопруг, откако од нејзината малолетна ќерка дека нејзиниот татко извршил обљуба врз неа.
Од МВР информираа дека на 15.02.2022 во 13:15 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека дознала од својата малолетна ќерка дека нејзиниот татко Љ.Г. (поранешен сопруг на 49– годишната жена) извршил обљуба над неа.
Од министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.