Жена почна да се дави во поплавата во Белград?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Невидено невреме ноќеска, а потоа и утрово, го зафати Белград. Драмата по улиците не стивнува, луѓето трчаат да ги спасат своите станови, куќи и возила. Драматична сцена е снимена и на Петлово Брдо, а работник на  „Градска чистота“ направи јуначки потег.

На снимка објавена на социјалните мрежи, се забележува жена која се обидува да најде решетка, за време на поплавата, за да истече огромното количество вода, но наводно почнува да се дави, а работникот од „Градска чистота“ истрча да ја спаси.

– Оди таму брат, трчај, брат, жената се дави – му вели момче од камионот на колегата.

Работникот бргу стигнува до жената и ја спасува.

Share This Article