Жена остана без нога откако и се заглави во подвижна лента

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една жена ја загуби ногата откако била повлечена од подвижната лента на аеродромот во Бангкок.

57-годишната патничка патувала околу 8:30 часот со лет од меѓународниот аеродром Дон Муанг до тајландската провинција Након Си Тамарат.

Во шокантна несреќа, таа се сопнала преку својот розев куфер и механизмот на подвижната лента го зафати нејзиното стапало, што и ги скина мускулите, тетивата и коската.

Другите патници, видно вознемирени од глетката, се обиделе да го притиснат прекинувачот за итни случаи додека машината продолжила да ги кине мускулите, тетивата и коските на екстремитетите.

Медицинскиот тим на крајот мораше да и ја ампутира левата нога над коленото, соопштија аеродромските власти.

Потоа патничката била префрлена во болница во главниот град.

Медицинскиот тим во болницата рече дека патичката првично била испратена во Карун каде и било кажано дека не можат повторно да и ја „закачат“ ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за второ мислење.

Аеродромските власти наредија истрага за да се утврдат причините за несреќата, пренесува „Дејли мејл“.

На куферот што лежеше во нејзина близина недостасуваа две тркала, а на лице место се забележани и скршени делови од постојката што го покрива делот каде завршува подвижната лента.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме, таа автоматска патека е затворена за патници додека инженерски тим врши инспекции и безбедносни проверки.

фото: Принтскрин
Share This Article