Хрватската полиција во вторникот кај селото Медвиѓе пронашла тело на странска државјанка, чиј сопруг ја пријавил за исчезната.
Телото било прегледано од судски вештак, кој не констатирал траги на насилство, а наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта, пишува српски Телеграф.
Утврдено е дека се работи за полска државјанка (69) чие исчезнување било пријавено на 14 септември.
Меѓутоа, по распитот, полицијата го уапсила нејзиниот 70-годишен сопруг, кој исто така е полски државјанин, поради сомнение дека на 13 септември во раните утрински часови во областа Бенковац ја оставил жената без помош во ситуации кои се опасни по нејзиниот живот и здравје.
Вечерњи лист неофицијално дознава дека Полјакот е осомничен дека ја оставил сопругата во тешко пристапно место и дека таа починала од смрзнување бидејќи и онака ѝ било нарушено здравјето.
Полјакот кој ден подоцна ја пријавил исчезната сопруга, тврди дека сè било според договор со неговата сопруга.