More

    Жељко Самарџиќ боледува од неизлечива болест

    spot_img

    Популарниот пејач Жељко Самарџиќ сосема случајно дознал дека боледува од неизлечива автоимуна болест наречена Хашимото синдром, пишува црногорски Мондо.

    Пејачот пред неколку години дознал дека боледува од автоимуна болест, но со терапија успеал сѐ да држи под контрола.

    Жељко поради болеста мораше да го промени животот од корен, исхраната и слично.

    – Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која предизвикува повремени проблеми. Штом почнав со редовна терапија, сѐ беше во ред. Секое утро пијам по една таблета и тоа е тоа. Жените најмногу страдаат од оваа болест, но мене ми се случи и се справувам со неа најдобро што знам. Подоцна дознав дека многу од моите пријатели имаат Хашимотов синдром, а јас го имав долго време без воопшто да знам – изјави пејачот кој поради оваа болест целосно го промени начинот на живот.

    Пејачот раскажува дека на почеток тешко ја прифатил болеста, но потоа му се вратил на нормалниот живот, иако сето тоа го променило.

    – Од моментот кога ми се случи Хашимото, како да ми се сруши светот, не знаев што не е во ред со мене. Сега продолжив со нормален живот бидејќи редовно земам терапија. За 3 месеци одам на преглед и ми прават анализа на крвта. Болеста ме промени од корен. Порано пиев по една чаша ракија или повеќе вино, но сега не можам бидејќи морам да ги заштитам гласните жици. Кога тоа ми функционира, се е во ред – додаде Самарџиќ.

    Тој откри како дознал дека боледува од споменатата болест.

    – Ја открив болеста кога одев на операција на нервот симпатикус за да не се потам, а потоа се испостави дека станува збор за Хашимото, намалена функција на штитната жлезда – открива Жељко.

    На пејачот голема поддршка му дава сопругата Маја во текот на сите овие години борба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img