More

    Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола и натаму во прекин

    spot_img

    Интензивно се работи на промена на изгорените околу 1.000 прагови на пругата Скопје- Прилеп.

    Екипите на македонски железници ги менуваат уништените прагови од двата пожари во саботата во реоните на прилепските села Слепче и Тројкрсти. Ова е досега најголемо уништување на пругата со изгорените прагови. Штетите се огромни. На пругата каде се работи, на потегот меѓу селата Гостиражни и Слепче сѐ уште тлее и чади.

    – Од овие пожари се изгорени околу 1.000 прагови на железничката пруга. Нашите екипи интензивно работат на промена на овие прагови, со сопствени средства и се очекува во најкраток можен рок да бидат променети и сообраќајот да биде нормализиран. Моментално, сообраќајот помеѓу Скопје и Битола е во прекин се до завршувањето на работите. Се работи интензивно и се очекува праговите да бидат заменети до крајот на неделава, но се прават максимални напори да бидат заменети до петок – ни изјави Никола Марков, помошник директор за сообраќај во ЈП македонски железници-инфраструктура.

    Се случувало да изгорат прагови на пругата, но толкаво големо количество никогаш и штетите се огромни. Праговите се со децении.

    – Ова досега е најголемо оштетување на пругата на изгорени прагови. Штетата сега конкретно не може да кажеме колкава е. Тоа се импрегнирани прагови и се скапи, а земајќи го предвид и застојот на сообраќајот, има загуби и од превоз на патници, а се ангажира и работна сила, така што загубата е огромна – рече Марков.

    Од прилепската противпожарна единица информираат дека повторно е запален пожарот кај селото Слепче накај пругата. Има и повеќе активни пожари. Месецов, од 130 интервенции на отворено, околу 80 се во Долненско.

    – Многу се пожари во Долненскиот регион. Ова е тешка ситуација. Постојано сме на терен. Моментално таму имаме 10 интервенции на отворен простор – вели Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img