Управната зграда на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација во Нови Сад почна да се урива, а вработените итно се евакуирани по „катастрофална грешка“ на инвеститор кој гради станбена зграда во населбата, соопштија од претпријатието.
„Волф инвест д.о.о., кој гради станбена зграда на улица Масарикова 13 и 15, направи катастрофална грешка поради што се наруши статиката на управната зграда на ЈКП Водовод и канализација на Масарикова 17, и таа почна да се урива. “ се наведува во соопштението.
Се додава дека сите вработени биле итно евакуирани и до понатамошно известување им е забранет пристапот до управната зграда.
Во соопштението се наведува и дека се известени увидот и полицијата, се вели во соопштението.
Улицата Масарикова е во поширокиот центар на Нови Сад.