Зенку за една година играл за Косово, Албанија и за Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Постапката на младиот фудбалер Шабан Зенку, кој инаку игра за младинскиата екипа на Борусија Менхенгладбах, може да се каже како чудо во денешниот фудбал.

Тој за една година смени три репрезентации, и одигра за Косово, за Албанија и последно за Македонија.

Фудбалерот од средниот ред е роден во Кичево во 2004 година. Очигледно има дилема за која репрезентација да настапи па се решил да ги прифати поканите од сите три. Најпрво играше за селекциите до 18 години за Косово и за Албанија, а потоа ја прифати и поканата од Македонија У-19, при што за нашата репрезентација постигна и гол.

Останува да се види за која селекција на крајот ќе игра Зенку, кој очигледно е еден од најголемите таленти на овие простори.

 

Share This Article