Официјални лица веруваат дека вчерашниот силен земјотрес во Јапонија го поместил тлото во регионот Ното до 1,3 метри на запад.Јапонската агенција за геопросторни информации (GSI) ги прегледа податоците од GPS по земјотресот со јачина од 7,6 степени.
Како што пишува SkyNews, поместување кон запад од околу 1 метар е забележано и во градот Анамизу, а поместување од 80 сантиметри е забележано во градот Сузу.
Движења се забележани и во градовите Нанао, Тојама, Ниигата и регионот Канто-Кошин.