Земјотрес со јачина од 7 степен според Рихтеровата скала е регистриран на Филипините утрово во 2.43 часот, соопшти ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 13 километри југоисточно од гратчето Долорес на островот Лузон во планинска област.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги предупреди граѓаните на можноста од последователни потреси, но додаде дека нема опасност од цунами.
Во потресот има најмалку 2 загинати лица, а 10 се повредени.