Земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер ја погоди Јапонија, издадено е предупредување за цунами

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јапонија издаде големо предупредување за цунами по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот регион.

Од жителите на крајбрежната област Ното во префектурата Ишикава било побарано „веднаш да се евакуираат на повисоките места“, објави националната телевизија NHK, пренесе Би-Би-Си.

ЕМСЦ тврди дека јачината на земјотресот била 7,1 степени.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека брановите во областа може да достигнат висина до 5 метри.

Властите исто така издадоа предупредувања за цунами за соседните префектури Ниигата и Тојама, предупредувајќи дека таму брановите би можеле да достигнат 3 метри.

Луѓето исто така објавија видеа од земјотресот од нивните домови и внатре во станиците на метрото.

Најголемиот оператор за нуклеарна енергија во земјата, Кансаи Електрик, рече дека нема „нема абнормалности“ во нуклеарните постројки во погодената област.

Метеоролошката агенција на Јужна Кореја предупреди дека брановите од цунами би можеле да го погодат источниот брег на земјата меѓу 18:29 и 19:17 часот по локално време.

Share This Article