Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на рускиот полуостров Камчатка во понеделникот околу пет часот наутро, јавува ЕМСЦ.Според првите информации, епицентарот бил на длабочина од 100 километри, а областа каде што се случил земјотресот е населена со околу 25.000 луѓе.
Се уште нема извештаи за штети или повредени.