Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Геофизичката служба на Руската академија на науките.
„Земјотресот бил на длабочина од 127 километри под површината на морето. Најблиската населба е градот Петропавловск-Камчатски“, се наведува во соопштението.
Според Министерството за вонредни состојби, не се пријавени повредени или штети по земјотресот.