Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, поточно Загреб и неговата околина, потврди ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а е регистриран во 8 часот и 43 минути.
Првите информации говорат дека епицентарот бил на 10 километри од Копривница, а на 67 километри од Загреб.
Како што јавуваат хрватските медиуми, освен во Загреб и Копривница, земјотресот бил почувствуван и во Вараждин.
Корисниците кои оставиле впечатоци на EMSC во одредени делови на Хрватска велат дека земјотресот бил посилен, а имало и такви кои коментирале дека „малку се тресел“.
Засега нема информации за материјалните штети што би можел да предизвика овој земјотрес.