Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја потресе Херцеговина, а беше почувствуван и во Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил точно на границата со Хрватска кај Имотски, 39 километри западно од Мостар и седум километри западно од градот Груда во БиХ, а бил почувствуван и на целото далматинско крајбрежје и во внатрешноста на Далмација.
Беше навистина гадно, изјави еден корисник на апликацијата EMSC од Херцеговина.
Боме јако, напиша корисник од Змијавац.