Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Вануату. Направена е голема материјална штета, вклучително и на објект во главниот град Порт Вила, во кој се наоѓа американската Амбасада, заедно со оние на Британија, Франција и Нов Зеланд. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат искривени прозорци и оштетени бетонски столбови.
Очевидци укажуваат и за жртви во Порт Вила, но засега нема информации за нивниот број.
Земјотресот урнати се мостови, предизвикани се свлечишта и оштетени објекти.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри во близина на главниот град Вануату, мала островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан.