Земјотрес е почувствуван во Скопје и во околината во 9 часот и 54 минути, претпладнево.
Според Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во Македонија и на тромеѓето помеѓу Косово, Србија и Македонија.
Земјотресот бил со јачина од 2,2 степени. Епицентарот бил на 4 километри североисточно од Скопје. Земјотресот бил измерен на длабочина од 5 километри.