Земјоделците ќе ја блокираат Струмица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За утре е најавен протест во Струмица на производителите на раноградинарски земјоделски производи кои се незадоволни од откупните цени на зеленчукот.

Почна бербата на доматите под пластеници, а најавената откупна цена не може да ги покрие ни трошоците на производство, велат земјоделците.

– Никој не мисли на нас. Немаме ни мајка ни татко, оставени сме така, како сирачиња. Оваа цена воопшто не ни одговара. Пред половина век, доматите беа со цена од 20 до 25денари, кога репроматрејалите беа евтини. А сега ем скапи репроматрејали, ем ниски откупни цени – реагира земјоделецот Васе Соколов за Алфа.

Производителите од Просениково порачаа надлежното министерство да најде начин да им помогне, бидејќи ситуацијата е сериозна, а самите немаат решение за подобар пласман.

Минатата недела протестираа и жителите на Иловица и Штука кои се незадоцолни од откупната цена на младиот компир.

Годинава лошо мина и откупот на зелката, производителите велат дека околу 30 прценти од производството останало во нивите.

Share This Article