Земјите-членки на ЕУ формално усвоија план за користење на замрзнатите средства во ЕУ на руската централна банка за инвестирање во одбраната на Украина, објавија британските медиуми, повикувајќи се на белгиската влада.
Министрите на ЕУ се согласија „да ги искористат извонредните приходи од замрзнатите руски средства за поддршка на одбраната и обновата на Украина во контекст на руската агресија“ – објави на Твитер белгиската влада која претседава со разговорите меѓу земјите на ЕУ во Брисел.
Текстот требаше да добие само формално одобрение од министрите, откако договорот за ова веќе беше склучен на почетокот на месецот.