„Земјата е цикличен хибрид“, оценува Фридом Хаус

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонија е „цикличен хибрид“ заедно со Црна Гора во однос на правото и борбата со корупција. Фридом Хаус го објави годинашниот извештај за земјите од целиот свет. Транзициски, „цикличен хибрид“ е систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени, односно реформи.

Македонија назадувала во демократијата.

„Рејтингот за судска рамка и независност се намали од 3,25 на 3,00 поради лошото работење на Државниот судски совет и наводите за непотизам при именувањата на обвинители и судии“, се вели во извештајот.

Се додава и дека рејтингот за корупција се намалил од 3,25 на 3,00 поради голем број наводи за корупција против високи функционери, како и поради измените во Кривичниот законик со кои се намалија казните за корупција и доведоа до отпуштање на случаи против поранешни и сегашни владини функционери.

Како резултат на тоа, збирната оценка за демократија на Македонија се намали од 3,86 на 3,79. Процентот на демократија изнесува 46,43 проценти.

Фридом Хаус нваедува дека „судството и понатаму е една од најкритикуваните и најнедоверливи институции во Македонија“. Извештајот ги споменува контроверзите околу смената на лидерот на Советот на судии, но и други скандали.

„Дополнително, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизам во судството“, се вели во анализата.

Извештајот се осврнува и на поголемите корупциски скандали во изминатите години како што е скандалот со клиниката на Онкологија, пожарот во модуларната болница во Тетово и други скандали.

Се спомнува и воведувањето на измените на Кривичниот законик која била „рационализрана“ со процедура во која се користи европското знаменце, а овие измени, според Фридом Хаус, биле „неочекувани“ и предизвикале јавен бес кај домашната јавност.

- Advertisement -
Ad image

Фридом Хаус забележува дека во Македонија има зголемена политичка тензија меѓу власта и опозицијата поради уставните измени и бугарското вето, но дека таа теннзија почнала уште од усвојувањето на Преспанскиот договор од 2018 година.

„Слободата на изразување генерално се почитува, но медиумскиот пејзаж останува значително фрагментиран, вклучително и по етничка линија. Новинарите, особено оние кои известуваат за корупција и злоупотреба на власта, продолжуваат да се соочуваат со малтретирање и други предизвици“, се вели во извештајот.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article