Податоците покажаа дека бројот на жени кои земале лекови против болки во текот на бременоста се удвоил помеѓу 2008 и 2015 година.
Иако регулаторите велат дека парацетамолот е безбеден за бремени жени, тие предупредија дека нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) како што се ибупрофен и аспирин не треба да се земаат по 30-тата недела од бременоста.
Научникот Аикатерини Зафеири од Универзитетот во Абердин рече дека идните мајки секогаш треба да бараат лекарски совет пред да земаат лекови без рецепт.
„Со оглед на она што го откривме во истражувањето, леснотијата на пристап до лекови без рецепт во комбинација со богатството на информации и дезинформации на интернет е причина за загриженост. Тоа особено се однесува на одлуките за земање лекови во текот на бременоста без совет од лекар“, рече Зафеири.
„Треба да се предупреди дека земањето парацетамол во комбинација со НСАИЛ е поврзано со поголем ризик од компликации, па бремените жени секогаш треба да бараат совет од лекар или акушерка пред да земаат лекови без рецепт“, рече таа.
Сметаме дека е исклучително важно што повеќе стручни совети им се достапни на трудниците“, заклучи таа.