Зеленски во САД бара помош за украинската енергетска структура

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ukraine's President Volodymyr Zelenskiy appears at a joint press conference with Ireland's Taoiseach (Prime Minister) Simon Harris (not pictured), amid Russia's attack on Ukraine, in Kyiv, Ukraine, September 4, 2024. REUTERS/Alina Smutko

За време на својата посета на САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски од претставниците на бизнис заедницата побара инвестиции во загрозениот енергетски сектор на неговата земја, јави ДПА.

– Примарен фокус беше ставен на подготовката на енергетскиот систем на Украина за престојната зима – утринава изјави Зеленски на социјалната мрежа Икс.

„Како резултат на воените штети предизвикани од Русија, земјата се плаши дека оваа зима ќе има прекини во напојувањето со електрична енергија“, додава германската агенција.

Зеленски предложи посебни стимулации.

– Ова е предлог од нас. Тоа е една од точките на нашиот план за победа – вели тој во своето видео обраќање.

На состанокот во Њујорк присуствуваа претставници од енергетските, финансиите и од осигурителните компании, како и шефицата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), Саманта Пауер.

Русија со своите масивни воздушни и ракетни напади оштети огромен дел од украинскиот енергетски систем, потсетува ДПА.

Share This Article