More

    Зеленски во Канада ненајавено, Трудо му посака добредојде

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Канада во четвртокот навечер за да побара помош за Киев во борбата против руската инвазија. Се работи за ненајавена посета.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе разговара со канадскиот премиер Џастин Трудо и ќе се обрати пред канадскиот парламент. Двајцата лидери ќе отпатуваат и во Торонто, каде ќе се сретнат со бизнисмени и членови на заедницата на Канаѓаните со украинско потекло.

    Во Канада има голема украинска заедница, а владата на Трудо вети цврста и постојана поддршка на Украина во нејзината борба против руските сили.

    Во првата посета на Канада, украинскиот претседател отпатува од Соединетите Американски Држави, каде присуствуваше на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации и во четвртокот се сретна со американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Конгресот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img