Зеленски вели дека точниот број на загинати во хеликоптерската несреќа уште се утврдува

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека хеликоптерската несреќа во близина на Киев е „страшна трагедија” што предизвика „неопислива” болка. Тој потврди дека најмалку 15 лица, меѓу кои три деца и украинскиот министер за внатрешни работи, загинаа во хеликоптерската несреќа во реонот на градинка во градот Бровари. На местото на несреќата избувнал пожар.

Локалните власти претходно проценија дека бројот на загинати е 18, но Зеленски рече дека точниот број на жртви се утврдува.

– Три деца штотуку починаа. Болката е неопислива – изјави Зеленски на Телеграм и изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите.

Засега не е јасно што го предизвика падот на хеликоптерот во близина на градинката и станбената зграда. Русија не коментираше, а украинските власти не спомнаа никаков руски напад во областа.

Несреќата со хеликоптерот е втора трагедија во изминатите денови откако проектил падна врз станбена зграда во градот Дњепар, а Киев и Кремљ се скараа околку тоа чија била ракетата.

Папата Франциско денеска го осуди нападот во кој загинаа 45 лица. Тој нападот го нарече потресен и повторно упати апел за мир.

– Минатата сабота, уште еден ракетен напад предизвика многу цивилни жртви, вклучително и деца. Ја споделувам потресната болка на членовите на семејството. Видеата и извештаите за оваа трагична епизода се силен апел до сите луѓе со совест. Човек не може да остане рамнодушен – посочи папата Франциско.

Share This Article