Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, а не со помош на посредник.
Тој додаде дека „доколку рускиот претседател ја разбере реалноста, постои можност да се постигне дипломатско решение на конфликтот“, објави Ројтерс.
Украинскиот претседател изјави дека Москва треба да ги повлече своите војници на местото каде што биле пред почетокот на нападот и дека тоа би можело да биде првиот чекор кон разговорите.