Западот уште не знае кој и кога ќе ги обучува украинските пилоти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Борбените авиони Ф-16 кои Западот треба му ги достави на Киев „едноставно ќе ѝ дадат на Украина способност да го одржи она што го прави во моментот“ смета потполковникот Нилс Ван Хусен, поранешен пилот на Ф-16 на Кралските холандски воздухопловни силиж

Тој за Би-Би-Си вели дека „ниту еден вооружен систем нема да ја промени големата војна“.

Западните сојузници на денешниот состанок во Брисел треба да ги објават своите планови за обука на украински пилоти да летаат со авиони Ф-16 од американско производство. Но, сè уште не е јасно кои земји ќе бидат подготвени да ги обезбедат авионите, колку, па дури и кога, се вели во статијата.

Новинари од Би-Би-Си зборувале со норвешкиот генерал-мајот Ролф Фоланд за време на големата воена вежба на сојузниците, една од најголемите во поново време. Таа вклучува 150 борбени авиони.

– Тој лета како сон. Но, летањето е најлесниот дел. Останатото е потешко – вели Фоланд покажувајќи ден модел на Ф-16 кој првично бил дизајниран во 1970-тите години.

– На Пулс, еден белгиски пилот, му беа потребни три години за да го совлада својот ловец Ф-16. Од нас беше побарано да го користиме неговиот повик, а не неговото вистинско име – додава генералот.

Фоланд смета дека снабдувањето на Украина со Ф16-ки „нема да биде сребрен куршум“ или „брза поправка“ во војната. Напротив, тој вели дека на Украинците ќе им треба време да развијат способност да управуваат со овие западни авиони со сложено оружје.

Норвешка од Ф-16 премина на помодерните авиони Ф-35, а тоа значи дека би требало да има Ф-16 достапни за Украина.

Сепак, освен обуката прашање е и како овие авиони Украина ќе ги одржува, се вели во статијата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article