More

    Зеленски вели дека ако има замрзната војна, ќе војуваат „и нашите внуци“

    spot_img

    Ако западните земји и другите земји во светот не направат ништо, на Балканот ќе има нова експлозија  рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на средба со 11 новинари од африканските земји.

    – Обрнете внимание на Балканот. Верувајте, добиваме информации дека Русија има големи планови – изјави Зеленски велејќи дека тоа не е ништо ново.

    А потоа додаде:

    – Има криза меѓу земјите од Балканот, а не е од вчера. Токму затоа Русија се меша таму, за една балканска земја да војува против друга. Русија е заинтересирана да го сврти вниманието и да помогне. Таму разлика е кога помагаш на една земја и кога таа помош и внимание треба да ја споделиш меѓу неколку од нив.

    Тој понатаму ја спомна и Молдавија.

    – Верувајте ми, Русија го организира истото таму. Сега почнуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Молдавија. Сакаат да покажат дека нешто не е во ред со изборите таму. Зошто? Да ги прогласат изборите за нелегитимни и да ја отстранат проевропската влада. Тоа е она што работи Русија – рече Зеленски.

    Запрашан за изгледите за замрзнување на конфликтот, Зеленски инсистираше на тоа дека „доколку дојде до застој и замрзнат конфликт, мораме искрено да кажеме дека нашите деца или нашите внуци ќе мора да се борат “ – нешто што Киев сака да го избегне.

    Според Зеленски, иако неговата земја „ веќе изгуби премногу луѓе “, Украина не може да си дозволи ниту да размислува за замрзнување на конфликтот, „ колку и да е тоа тешко. ”

    „Ако сакаме да ја завршиме војната, мораме да ја прекинеме“, изјави тој, инсистирајќи дека Русија мора „да се врати на своето место “, или во спротивно таа подоцна пак ќе нападне.

    Во интервју за Ројтерс минатата недела, Зеленски изјави дека неговата земја ќе продолжи да се бори додека не ги врати сите територии во границите од 1991 година, дури и ако САД ја повлечат поддршката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img