Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена денеска, рече дека неговата влада „работи на повторно обезбедување на хуманитарните коридори од градовите“.
– Автобусите веќе тргнаа, камионите се на пат и превезуваат храна, вода и лекови – рече Зеленски.
Тој ги спомна коридорите до пристанишниот град Мариупол, источниот град под опсада Волновахи и североисточните градови Изјум и Суми.
– Срцето ми се кине кога гледам што им направија окупаторите на нашите градови, на нашата земја, но и што сакаат да му направат на нашиот народ, на кој му е потребна итна помош – рече Зеленски.
– Русија сака да го понижи нашиот народ да моли на колена за леб и вода, и да можат да си ги спасат животите само со одење на окупираната територија или во Русија. Затоа тие ги блокираат Мариупол, Волновахи и другите градови – рече украинскиот претседател.