Зеленски пријави нови жртви на руски ракетен напад врз Криви Рог

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија сака само продолжување на војната, па затоа на Украина ѝ треба оружје за заштита од рускиот терор и за зајакнување на дипломатските позиции.

„Русија само сака да ја продолжи војната, а секој нејзин удар ги побива сите нејзини изјави за дипломатијата. На Украина ѝ требаат оружје за заштита од рускиот терор и посилна поддршка од светот за да стане дипломатијата реална и силна. Без принципиелни одлуки и силна поддршка, Русија нема да има мотив да бара мир во Украина, туку само ќе бара нови цели“, напиша Зеленски на каналот Телеграм.

Неговата изјава е во контекст на рускиот ракетен напад врз Криви Рог, во Днепропетровскиот регион, во кој беа повредени осум лица, меѓу кои и две деца, и беше уништен влез на петкатница.

Зеленски истакна дека Руската Федерација „го врши истиот терор секој ден и ноќ. Освен тоа што сѐ поголем број цивилни објекти стануваат мети“.

Претседателот пријави седум жртви како резултат на ракетниот напад на Криви Рог, меѓу кои и две деца.

„Во тек е итна спасувачка операција, се прават максимални напори да се спасат животи. Можно е да има луѓе под урнатините“, рече Зеленски.

Канцеларијата на украинскиот јавен обвинител веќе пријави осум жртви, меѓу кои и 10-годишно девојче и 11-годишно момче.

Поведена е предкривична истрага за прекршување на законите и обичаите на војната.

Share This Article