More

    Зеленски преку видеообраќање на самитот Г7 побарал системи за противвоздушна одбрана, повеќе санкции против Русија, безбедносни гаранции, помош за извоз на украинското жито и помош за одновно градење на Украина

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видеообраќање на самитот Г7 побарал системи за противвоздушна одбрана, повеќе санкции против Русија, безбедносни гаранции, помош за извоз на украинското жито и помош за одновно градење на Украина, изјавил европски функционер кој сакал да остане анонимен.

    Претходно, украинскиот претседател им се обрати и на Белорусите, откако Украина ја обвини Белорусија дека стои зад ракетирањето на Киев кое, наводно било извршено од белоруска територија каде се стационирани руски сили. Путин го вовлекува Лукашенко во војната, обвинија Украинците.

    – Би сакал денеска да имс е обратам особено на граѓаните на Белорусија. Луѓето – и цивиливи и оние во униформи – се вовлечени во војната – рече Зеленски на руски.

    – И уште поактивно отколку што беше во февруари и пролетните месеци. Кремљ веќе одлучи сѐ за вас – вашите животи не вредат ништо за нив. Но, вие не сте робови или топовско месо. Не мора да умрете – се обрати Зеленски преку видео.

    Украина суспендираше неколку договори за нуклеарна безбедност со Русија, соопшти денеска Украинскиот државен инспекторат за нуклеарна безбедност.

    „Поради руската воена агресија, Државниот инспекторат за нуклеарна безбедност ги раскинува меѓународните договори за соработка меѓу двете земји во областа на нуклеарната безбедност“, стои во пораката на Фејсбук страницата на Инспекторатот.

    Конкретно, Украина го суспендира договорот за размена на информации и соработка во областа на безбедносните одредби кои се однесуваат на мировно користење на нуклеарната енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img