Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред почетокот на дводневниот самит Украина-Југоисточна Европа, што денеска почна во Тирана, на посебна средба го одликува премиерот Еди Рама со орден „Принц Јарослав Мудриот“.
Еди Рама го доби орденот поради значаен личен придонес за зајакнување на меѓудржавната соработка, поддршка на државниот суверенитет и територијален интегритет на Украина и популаризација на украинската држава во светот, сe наведува во образложението за мотивот на наградата.
Во објава од средбата со Зеленски во неговиот кабинет, Рама напиша дека тој му подарил книга со наслов „Еди Рама“ на Зеленски каде на корицата се неговите добро познати скици.
Рама и Зеленски во просториите потпишаа договор за соработка со кој, според нив, се зајакнува и унапредува пријателството меѓу Албанија и Украина.