Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја повика Европска Унија да ги забрани сите руски државни телевизиски канали и „пропагандисти“.
Зеленски,преку видеообраќање на Конференцијата Форум 2000, што се одржува во Прага, истакна дека „не треба ниту еден руски пропаганден радиодифузер да остане на територијата на ЕУ“.
– Не треба да се дозволи ниту еден руски државен телевизиски канал да работи на територијата на ЕУ – посочи Зеленски.