Украинскиот претседател Володимир Зеленски ненадејно пристигнува во Велика Британија.
Се очекува Зеленски да се сретне со британскиот премиер Риши Сунак.
„Денес – Лондон. Обединетото Кралство е лидер кога станува збор за проширување на нашите можности на земја и во воздух“, објави Зеленски на својот Твитер.
„Оваа соработка продолжува и денес. Ќе се сретнам со мојот пријател Риши (Сунак). Ќе водиме суштински преговори лице в лице и преку делегации“, додаде тој.
Потсетиме дека Обединетото Кралство и достави на Украина неколку крстосувачки ракети „Storm Shadow“, кои на Украина и обезбедија нова способност за напад со долг дострел. Сето ова доаѓа во пресрет на долгоочекуваната украинска контраофанзива.
Зеленски последен пат беше во Лондон во февруари кога се сретна со кралот Чарлс Трети. Тогаш украинскиот лидер се обрати и пред парламентот во Вестминстерската сала.