More

    Зеленски: Не молчете, излезете на улиците и поддржете нѐ

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва преку Зум им се обрати на демонстрантите собрани во голем број европски градови, кои излегоа на улиците за да ја поддржат Украина во борбата против руската инвазија.

    -Првата минута од ова обраќање ќе биде минута молк за сите оние кои загинаа во борбата за својата земја, за нашите војници, за сите оние кои прават херојски дела бранејќи ја нашата земја, за оние кои ги дадоа своите животи – изјави Зеленски во неговото обраќање до демонстрантите во Братислава, Франкфурт, Прага, Лион, Тбилиси, Виена и во Вилнус.
    – Им посакувам се најдобро на народите во Европа. Нашите војници, нашите херои, овие денови ја штитат нашата Украина, нашата Европа и вашата Европа – додаде Зеленски.

    Зеленски го искористи последниот дел од своето обраќање за да вети победа во војната, која ја нарече „победа на Украина и победа на демократијата“.

    – Сакам да ве повикам да не молчите. Сакам да излезете на улиците на вашите градови и да ја поддржите Украина, да го поддржите нашиот напредок и нашата борба, бидејќи ако Украина падне, и Европа ќе падне. Ако ние паднеме, ќе паднете и вие, затоа немојте да молчите и не ја вртете главата. Ако победиме, ќе напредуваме како Европа, а Европа ќе напредува повеќе од кога било по таа славна победа. Слава на Украина – истакна украинскиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img