Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека постои можност да избие нов бунт во Русија и дека има луѓе кои ќе го поддржат тоа.
-Постои знак дека може да има уште еден бунт во Русија, револуција. Покрај тоа, има многу луѓе кои би можеле да поддржат таквиот бунт, рече Зеленски во интервју за ABC News
Коментирајќи го бунтот на руските платеници од групата Вагнер што се случи на 23 и 24 јуни во Русија, Зеленски нагласи дека руското население не е заштитено и тоа предизвикува несигурност и незадоволство.
-Путин нема воена сила во Русија, а руското цивилно население не е заштитено, истакна украинскиот претседател.
Зеленски тврди дека примарна цел на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин била да стане „политичка фигура“ во Русија и дека успеал во својата намера.
Силите на Вагнер дојдоа на 200 километри од Москва, пред Пригожин ненадејно да го напушти бунтот.
-Зошто застана? Па, не знам со сигурност, рече Зеленски.
По завршувањето на бунтот, на војниците на Вагнер им беше кажано да потпишат договори со руската војска, да се вратат кај своите семејства или да ја прифатат понудата на Лукашенко да заминат во Белорусија, каде што, според сателитските снимки, се изградени потенцијални нови воени бази.
Но, Зеленски вели дека достапните контраразузнавачки податоци сугерираат дека трупите на Вагнер нема да ја нападнат Украина од север.