Во пресрет на претстојната студена сезона, украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата апелираше на истрајност и издржливост на Украинците.
-„Непријателот многу се надева дека ќе ја искористи зимата против нас: да ги направи зимскиот студ и тешкотии дел од неговиот ужас“, рече тој во својата дневна видео порака во неделата навечер.
„Мораме да направиме се што можеме за да ја преживееме оваа зима, колку и да е сурова.
Да се издржи оваа зима, рече тој, значи да се издржи се.
Русија има предност во ракети и артилерија, посочи украинскиот претседател. „Но, ние имаме нешто што окупаторот го нема и нема да го има: го штитиме нашиот дом и тоа ни дава најголема можна мотивација“, нагласи Зеленски.
Украинскиот народ се бори за слобода и ја брани вистината, вели тој. „За да ја преживееме зимата, мора да бидеме поотпорни и обединети од кога било“, додаде тој.